Како да ја користите одликата за пребарување

Вашиот паметен телефон или таблет претставуваат еден мини-компјутер. Кога имаат голем простор за складирање, повеќето од овие уреди може да складираат огромно количество податоци и тоа значи дека може да биде тешко да го најдете она што го барате.

Дали некогаш сте ги разгледале екраните на вашиот телефон обидувајќи се да најдете апликација што едноставно знаете дека се наоѓа таму, но едноставно не ја наоѓате? Ние го направивме тоа. На вашиот телефон може да имате повеќе од сто апликации. Но, тешко е да најдете една меѓу нив.

А што се случува со вашите контакти? Што се случува со е-пораката што треба да ја прочитате, но таа исчезнала меѓу останатите е-пораки? Или онаа текстуална порака? Можете ли да ги најдете информациите за контакт со вашата внука?

Можете да ја контролирате моќта на компјутерот во вашиот паметен телефон или таблет за да ги пребарате сите тие нешта. Во овој водич ќе се фокусираме врз начинот на кој можете да ја користите функцијата за пребарување за да најдете некоја апликација.

Видови пребарувања

Главниот вид пребарување што ќе го користите на вашиот телефон или таблет се нарекува глобално пребарување (global search).

Глобално пребарување е постапка во која ја користите функцијата за пребарување на самиот уред за да пребарувате.

Со глобалното пребарување можете да барате апликации, конкретни контакти, па дури и на интернет - сè во едно пребарување.

Икона на паметен телефон со лупа

Другиот вид пребарување е наречен пребарување во апликација (in-app search). Тоа е кога ја користите функцијата за пребарување во некоја апликација за да пребарувате само во таа апликација.

На пример, ако користите услуга за шифрирана порака, како на пример WhatsApp, вашиот телефон не може да бара во внатрешноста на апликацијата. Наместо тоа, ќе треба да ја користите функцијата за пребарување во рамките на апликацијата.

Пребарување специфични типови апликации

Глобално пребарување со iPhone или iPad

iPhone и iPad имаат функција за глобално пребарување со лесен пристап.

Од Почетниот екран (Home screen) минете со прстот надолу од средината на екранот за да го отворите екранот Пребарување (Search). Во зависност од уредот, ќе се појави Поле за пребарување (Search box), коешто исто така е наречено Лента за пребарување (Search bar) во горниот дел или во половината на екранот.

За да го почнете пребарувањето, допрете во полето за да ја повикате тастатурата во долниот дел на екранот и потоа напишете го она што го барате. Тоа може да биде име на апликација или лице во вашиот список со контакти или што било друго.

Кога ќе ги внесувате буквите, под Полето за пребарување (Search box) ќе се појават разни можности. На пример, ако ја барате апликацијата Пресметувач и почнете да пишувате Calc, се појавуваат неколку предложени зборови за пребарување, заедно со резултат што ја покажува апликацијата Пресметувач (Calculator) на телефонот.

Ако допрете на резултатот, апликацијата ќе се отвори и можете веднаш да ја користите. Ако внесете збор што не е апликација, име на контакт или друга ставка што телефонот може да ја пребара, овие предложени зборови за пребарување може да бидат единствените што се појавуваат. Повторно, едноставно допрете го резултатот од пребарување што најдобро одговара на она што го баравте.

Глобално пребарување со телефон или таблет со Android

Начинот да пристапите до Пребарувањето (Search) на телефони и таблети со Android се разликува. На пример, некои уреди со Android го покажуваат Полето за пребарување (Search box) на Google на Почетниот екран (Home screen).

Други ќе покажат поле за пребарување кога минувате со прстот надолу од Почетниот екран (Home screen) или од екранот на некои Апликации (Apps). Тоа е посебен начин на минување со прст што почнува од рамката на телефонот, а тоа е црната или белата област што го опкружува екранот.

Штом ќе го најдете Полето за пребарување (Search box) на вашиот уред, допрете го за да ја повикате тастатурата и потоа почнете да го пишувате зборот што го барате. На пример, ако сте ја барале апликацијата Пресметувач (Calculator) и сте почнале да пишувате „Cal“, на телефонот ќе се прикаже резултат за апликацијата Пресметувач (Calculator), проследена со поврзани пребарувања на зборови. Апликацијата Пресметувач (Calculator) ќе се отвори, подготвена за користење.

Ако постои име на контакт што се совпаѓа со терминот што го барате или со апликација на Play Store што веќе се наоѓа на вашиот телефон, во резултатите од пребарувањето ќе се појават и тие резултати. Можеби ќе треба да прелистате надолу за да ги видите и ако допрете на кој било од нив, тогаш тој ќе се отвори.

Пребарување поставки

Паметните телефони и таблети имаат стотици различни поставки (settings). Тие опфаќаат сè - од ажурирање на уредот, до обезбедување опции за безбедност и дали сакате меѓународниот роаминг да биде вклучен кога патувате.

Постојат голем број поставки што можете да ги измените и тие се често собрани под наслови што не се секогаш целосно јасни. Но, ако знаете што приближно сакате да правите, можете да пребарате како да го направите тоа во Поставките (Settings).

Еве како да го направите тоа.

Чекор 1. Отворете ја апликацијата Поставки (Settings) на вашиот паметен телефон и побарајте го Полето за пребарување (Search box). Тоа обично се појавува со икона на лупа. Ако Поставките се отвораат, но лентата за пребарување останува скриена, притиснете и задржете го прстот на екранот и влечете надолу, а потоа отпуштете. Лентата за пребарување би требало да се појави во приказ во горниот дел.

Чекор 2. Допрете во Полето за пребарување (Search box) или, во зависност од вашиот телефон, на иконата со лупа за да ја отворите тастатурата на екранот.

Резултати од пребарување на уред со Android

Чекор 3. Почнете да го пишувате името на поставката што ја сакате, како на пример осветленост (brightness).

Чекор 4. Додека пишувате подолу ќе се појават неколку можни совпаѓања. Допрете на она што најдобро се совпаѓа со она што го барате.

Пишување термин на пребарување во лентата за пребарување во Поставки